Социјалната мрежа Твитер го ограничи пристапот до сметката на руската вакцина „Спутник Ве“ (Спутник V) од засега непознати причини, објави рускиот фонд за директни инвестиции.
„Се обидуваме да утврдиме зошто сметката на руската вакцина е блокирана“, се вели во соопштението.
Рускиот фонд за директни инвестиции исто така наведува дека социјалната мрежа Твитер била искористена за споделување со јавноста на сите потребни информации поврзани со вакцината, како таа функционира.
Покрај тоа, се додава, токму Твитер се користеше како медиум како би и се понудила соработка на компанијата „Астра Зеника“.
„Преку Твитер, се договоривме со компанијата` Астра Зеника` за употреба на одредени компоненти на `Спутник Ве` и за заедничко клиничко истражување.
Рускиот фонд за директни инвестиции апелираше до сите следбеници на сметката на руската вакцина „Спутник ве“ да ја контактираат компанијата Твитер и да апелираат да се врати пристапот до сметката.