Свет

Твитер казнет во Русија со три милиони рубљи поради нацистички симболи

Tviter slavi 15 godina: Društvena mreža ili platforma za promene? - BBC  News na srpskom - Dnevni list Danas

Судот во Москва денеска го казни Твитер со три милиони рубљи (околу 37.000 евра), бидејќи, како што се наведува во образложението, одбил да ги отстрани објавите со упатства за подготовка на молотови коктели и нацистички свастики.

Како што беше соопштено, судот го прогласи Твитер за виновен за административен прекршок за објавување објави со кукасти крстови, упатства за правење молотови коктели, информации со кои се навредува руската држава, химна и знаме, пренесува Интерфакс.

Адвокатот на одбраната Олег Володин побара од судот да ја прекине постапката поради „безначајност“, но судот одби, пренесува Интерфакс.

Најголемите интернет сервиси – Гугл, Телеграм, Твитер и ТикТок – беа казнети неколку пати поради одбивање да ја отстранат содржината забранета во Русија.

Вкупниот износ на казните против овие компании веќе е повеќе од 200 милиони рубли (околу 2,5 милиони евра).

Related posts

Leave a Comment