Социјалната мрежа Твитер објави предупредување веднаш до објавата на американскиот претседател Доналд Трамп, во која се вели дека „го велича насилството“.
Твитер ја постави сценографијата за нова пресметка со претседателот Доналд Трамп, така што пред неговата објава за немирите во Минеаполис постави предупредување дека тој „велича насилство“.
“Овие крадци го уништуваат споменот на Џорџ Флојд и јас нема да го дозволам тоа. Само што разговарав со гувернерот Тим Волц и му реков дека армијата е на негова страна. Ако има проблем ќе ја преземеме контролата. Кога почнува грабеж, почнува и пукање. Ви благодарам”, се наведува во контроверзната објава на американскиот претседател.
I can’t stand back & watch this happen to a great American City, Minneapolis. A total lack of leadership. Either the very weak Radical Left Mayor, Jacob Frey, get his act together and bring the City under control, or I will send in the National Guard & get the job done right…..
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) May 29, 2020
Реакцијата на Твитер дојде веднаш откако Трамп потпиша указ со кој се ограничува заштитата на социјалните мрежи од правна одговорност.
Тој изјави дека „во американската историја е без преседан толку мал број на корпорации да контролираат толку голема сфера на човековите интеракции“.
Твитер оцени дека одлуката на Претседателот на САД е „реакционерен и исполитизиран пристап кон законот“, како и дека тоа е закана на слободата на говорот.
US President Donald Trump's tweet on the protests in Minnesota, which he posted as protesters set fires in St. Paul and Minneapolis, has been flagged by Twitter as violating the platform's rules. https://t.co/WRetSthgdA
— CNN (@CNN) May 29, 2020
Портпаролот на Гугл изјави дека одлуката ќе му наштети на американската економија, додека Фејсбук посочува дека ќе ги охрабри платформите да цензурираат се што може да изгледа дека навредува некого.
Трамп ја потпиша извршната наредба два дена откако ја критикуваше компанијата Твитер затоа што ги повика корисниците да ги проверат фактите презентирани во два негови твита.