Свет

Тела на 39 мажи пронајдени во камион од Бугарија, уапсен возачот

 

Телата на 39 мажи биле пронајдени во контејнер на камион во Есекс, а 25-годишниот возач, роден во Северна Ирска, е уапсен под сомнение за убиство.

Камион полн со  тела, за кој е откриено дека пристигнал од Бугарија во неделата, бил откриен рано утрово во индустрискиот парк Вотерглејд на Источна авенија, јави Би-Би-Си.

Полицијата во Есекс соопшти дека тело на тинејџерка било пронајдено меѓу пронајдените тела.

Британскиот министер за внатрешни работи Прити Пател изјави дека веста за откриените 39 тела во камионот „ја шокирала и разжалостила“.

Таа на Твитер изјави дека е многу тажна поради „овој трагичен инцидент“, пренесува Ројтерс.

„Полицијата во Есекс уапси маж и ние треба да им дадеме простор да спроведат истрага“, напиша таа.

Related posts

Leave a Comment