Тензиите во Венецуела се зголемуваат и може да достигнат критична точка во најблиска иднина, изјави експертот на интернационалниот клуб Валдаи Андреј Бистрицки за ТАСС.
“Тензиите се зголемуваат: двојноста на моќта, несигурноста, огромен број бегалци, незадоволството меѓу соседните земји од Латинска Америка, притисокот на САД и така натаму. Мислам дека во овој случај, кулминацијата ќе се случи наскоро “, рече експертот.
Според него, во моментов, ниту една страна од конфликтот нема одлучувачко мнозинство. “Збирот на различни фактори ќе ја израмни рамнотежатата на моќта.Ако некој имаше очигледна предност, ситуацијата ќе се решеше.Ако некој направи грешка или го изгуби трпението тензиите може да ескалираат, а пресметката ќе започне”, рече Бистрицки.
Санкции против Русија
Бистрицки истакна дека изјавите на Вашингтон во врска со потенцијалните санкции против Москва поради ситуацијата во Венецуела “сè уште звучат доста матно”, но може да се претворат во вистински мерки во иднина. “Во овој случај, заканите од САД се од превентивна природа. Во најголем дел, тоа не е сигнал за Русија, туку за граѓаните на САД, демонстрација на одредена немилост и конзистентност”, истакна тој.
Претходно специјалниот претставник на САД за Венецуела Елиот Абрамс информираше дека американскиот државен секретар Мајк Помпео во блиска иднина ќе одлучи какви мерки САД планираат да преземат во врска со поддршката од Русија на актуелниот претседател на Венецуела Николас Мадуро.
Шансите за интервенција се мали
Според аналитичарот, многу земји од Латинска Америка очекуваат одлучна и тешка акција од САД против владата на Венецуела, неколку земји да се соберат за воена интервенција, вклучувајќи ги и САД. ” Таквата интервенција е најстрашна, неверојатна и егзотична опција”, рече Бистрицки. “Ова би било контрапродуктивно и само ќе обедини дел од венецуелското население, бидејќи никој не сака таква интервенција, што исто така ќе предизвика немири меѓу латиноамериканските земји”.
Тој истакна дека неизвесноста во Венецуела продолжува. Нејзините соседни земји не можат да управуваат со протокот на бегалци, поради што “соседните држави сакаат ситуацијата во Венецуела да се реши што е можно побрзо”.