Пред неколку дена наидов на една тоталнo умоболна статија на Форбс, која дефинитивно кај секој нормален би предизвикала тотална еклипса на здравиот разум.
Лажните информации за заштитата на здравјето ги наведуваат луѓето на штетни активности, како на пример “заштита” од UV зрачењето. Жлездата хипофиза која е клучна за работата на мозокот и сите останати жлезди во потполност зависат од приливот на UV зрачењето кое пристига и преку очите. Жлездите гледани низ призмата на јога анатомијата се всушност чакрите, односно енергетските центри и вртлози кои генерално се напојуваат од светлината. Без приливот на UV зраците работата на хипофизата се деформира а падот на имунитетот е прва последица. Меѓутоа масовно се шири лажниот страв од Сонцето, од UV зраците и методите на заштита. (Опасни се само некои делови на спектарот на UV зракот кога ќе се издвојат). При тоа не помагаат ниту статистичките податоци кои покажуваат јасно дека никој не страдал од овие зраци, на животните исто така не им сметаат а највеќе катаракта и рак добиваат луѓе кои не се изложуваат доволно на Сонце…
Во 1967 година откриено е дека UV зраците се од пресудно значење за имунитетот и целото здравје на човекот. Не само што ја регулираат работата на хипифизата (крунската чакра) туку и преку светлосните кодови се пренесуваат информации од Сонцето на нашата ДНК. Фотоните се инфо кодови. Така Сонцето “дава живот” на Земјата. Ова откритие е чувано во тајност. Јавно го објавил познатиот научник Карл Сеган. Ова веќе никаде не се спомнува во фармацевската индустрија која покренала војна против Сонцето и UV зрачењето. Колку родители ги мачкаат децата со креми и разни други вештачки блокатори кои под дејство на Сонцето може да предизвикаат само алергијски реакции. Правилното конзумирање на Сонцето низ текот на пролетта и постепената адаптација со гаранција, па дури и за луѓе со изразена пита доша (огнена конституција) и светол тен можат да се прилагодат без да носат наочари и да се мачкаат со хемија. Треба единствено човек да си се следи и да си ја знае мерката колку може да поднесне зимски студ или летно сонце без да направи штета…
Да прејдеме сега на Big Science, Big Pharma и Big Tech технократијата.
Сите веќе добро сме упатени и информирани за геоинжињерингот и сето можно и неможно токсицирање што му се врши на човекот години наназад, од самиот старт на животот преку вакцинацијата, масовното планетарно шприцање на отрови и унакрсно шпартање на небото, ГМО, разните отрови како аспартамот или флоурот во пастите за заби, па се до хлорираната вода кои практично се неопходни за секојднниот нормален живот на поединецот.
Господарите на отровите, уште од самата антиката, па проследно низ средниот век (сетете и за сатанското папско семејство Борџија и нивната употреба на кантарелата) со масовно труење на изворите за вода и реките со трулите лешеви, предизвикувајќи на тој начин масовно ширење на вирусот познат како “Црната Чума”, па потоа и откривањето на екстремно опасните отрови со персиска и египетска рецептура кај језуитот и професорот по канонско право – Адам Вајшоп, творецот на редот на Илуминатите од Баварија од 1776 год, па се до модерните технократски времиња, јасно ни говорат дека овие планетарни паразити, постојано и постојано се служат веќе на глобално ниво со ваквите демонски манипулации, обидувајќи се на тој начин да ја постигнат и депопулацијата и контролата на на нашата судбина.
Ако сите ние веќе кристално јасно знаеме дека отровите се испуштаат во Воздухот, Водата, Земјата (храната), најпосле гледаме дека истите овие паразити се стремат полека да воспостават контрола и врз самиот централен елемент на животот – Сонцето.
Би сакал сето ова да е само бајка излезена од замокот Хогвардс на Роулинг, наместо болната реалност – Хардвар(с) и секако најфамозниот филантроп во изминативе месеци, Рокфелеровата марионета – Бил Гејтс…..
Нормално сите овие умоболни проекти пред светот се оправдани со некаква “филантропска” и загрижувачка “совест” за климата, здравјето, за екологијата и разно разните басни…
Значи група научници од Харвард планира да се справи со “климатските промени” преку геоинженерингот со блокирање на Сонцето. Концептот на вештачкото рефлектирање на сончевата светлина се обидува со децении, но сепак ова ќе биде првиот вистински обид за контрола на температурата на Земјата преку сончевиот инженеринг.
Проектот, наречен Стратосферичен Контролиран Пертурбациски Експеримент (SCoPEx, Stratospheric Controlled Perturbation Experiment), ќе потроши 3 милиони американски долари за да ги тестира нивните модели со лансирање на управуван балон во југозападниот дел на САД 20 километри во стратосферата. Откако ќе се воспостави балонот, тој треба да ослободи мали честички на калциум карбонат. Плановите за започнување со лансирањето се започнати уште во пролетта 2019 година.
Основата околу овој експеримент е од проучување на ефектите од големите вулкански ерупции врз температурата на планетата. Во 1991 година, планината Пинатубо на Филипините избувна спектакуларно, ослободувајќи 20 милиони тони сулфур диоксид во стратосферата. Сулфур диоксидот создал ќебе околу стратосферата на Земјата, ладејќи ја целата планета за 0,5 ° С околу една и пол година.
За цртаниот серијал за деца и возрасни “Симпсонови”, веќе јавно се знае дека работат со сумблиминални пораки и со предиктивно програмирање за кое говорев во претходната статија поврзана со ритуалното жртвување на Коби Брајант. Исто така треба да запамтиме дека продуцентот и текстописецот и секако креаторот на овој неколку децениски серијал, Мат Гроенинг е виско рангирам масон и дефинитивно е дел од светските настани поврзани со конспирации.
Бидејќи научниците, владините агенции ширум светот и групите за животна средина стануваат се повеќе “загрижени” за нашата колективна способност да ги намалиме емисиите на стакленички гасови и да ги спречуваат климатските промени, идејата за геоинженерингот како решение станува се поприфатена опција според нив.
Крајната цел е наводно е да се “намали затоплувањето” на Земјата. Ова наводно можело да се направи со намалување на емисиите на гасовите од стаклените градини, цицање на СО2 од атмосферата или ограничување на сончевата светлина што ја достигнува површина на Земјата. И самите можете да ги детектирите овие тотално неверојатни научни небулози, без притоа да сте некој посебен експерт на тоа поле. Веќе се ни е јасно…
Илустрација на системот за балони што тимот на Харвард ќе го примени за ослободување на калциум карбонат во Стратосферата
Првите два методи активно се дискутираат и се спроведуваат на различни степени. Неодамнешната посветеност на членовите на Г20 (со САД како единствен отфрлач на Парискиот договор ќе дејствува за решавање на изворот на проблемот со намалување на емисиите на стакленичките гасови. Исцрпувањето на CO2 од атмосферата и заклучувањето негово во Земјината кора, наречено секвестрација на CO2, е спроведено и распоредено. На пример, Royal Dutch Shell има изградено големи капацитети за одземање на јаглерод со канадската и австралиската влада. Гледаме јасно дека земјите од Комонвелтот се прилично активни на овој план.
Третиот метод, за блокирање на сончевата светлина, е контроверзен во научната заедница со децении. Нормално здравиот разум на дел од научниците сеуште не е затемнет од капиталот на нарачателите на овие проекти. Контроверзноста лежи во неможноста целосно да се разберат последиците од делумно блокирање на сончевата светлина. Намалувањето на глобалната температура е добро разбрано и очекувано, сепак, остануваат прашања околу влијанието на овој метод на моделите на врнежи, озонот и приносите на земјоделски култури на глобално ниво.
Ова е токму причината зошто истражувачкиот тим на Харвард има намера да го контролира експериментот и да испрска мали честички од креда (калциум карбонат) во стратосферата. Компјутерските модели можат да одат толку далеку во предвидување на влијанијата на оваа геоинженеринг техника, како што кажуваат самитњ време е за тест во реалниот свет. Но целиот проект и неговата задна намера стануваат тотално јасни, особено кога ќе дознаете кој фамозен филантроп стои зад целиот овој проект. Со финансирање делумно од ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, тимот на Харвард ќе започне да одговара на останатите прашања уште во пролетта 2019 година.
Додека потенцијалните негативни ефекти не се карактеризираат целосно, можноста да се контролира температурата на Земјата со прскање на мали честички во стратосферата е атрактивно решение главно заради неговата цена. Неодамнешниот извештај на Меѓувладиниот Панел за Климатски Промени (IPCC) проценува дека континуираното ослободување на честички во стратосферата може да компензира 1,5 ° C на затоплување за 1 до 10 милијарди долари годишно.
Кога се споредуваат овие трошоци со глобалното намалување на употребата на фосилните горива или одземањето на јаглерод, методот станува многу привлечен. Така, научниците, владините агенции и независните финансиери на оваа технологија мора да ја балансираат економската исплатливост и ефективноста на овој метод со потенцијалните ризици за глобалните култури, временските услови и сушата. На крајот на краиштата, единствениот начин за целосно карактеризирање на ризиците е да се спроведат експерименти во реалниот свет, исто како што се придружува тимот на Харвард.
Нас ни останува да бидеме будни и свесни и солидарни, пред се добро информирани и подготвени да бидеме соучесници во отпорот против планетарните социјал-паразити се до нивното конечно уништување од лицето на земјата….
СЛАВА!
Адам Волинец