Еден загинат и десетмина повредени е билансот од тешката сообраќајна несреќа што вечерва околу 20:30 часот се случи на магистралниот пат Велес-Штип. Директниот судар меѓу комбе и автобус бил фатален за возачот на товарното комбе во кое освен него немало други патници. Неофицијално, агенциите пренесуваат дека во автобусот имало македонски туристи коишто оделе во Бугарија. Засега нема официјални информации од полицијата.