Колумни

ТОМЧЕ ШИРКОВ : “Обединувања“

“Обединувања“- Во последно време тие се многу актуелни секој повикува на обединување, што тоа и да значи?

Но никој не кажува какво обединување и обединување за што? 

Само се нафрлуваат зборови кои би требало да извршат психо-ментален ефект врз потенцијалниот “обединувач“. Тоа се голи, излитени флоскули кои би требало да предизвикаат чувство на благородност и потреба, после кое чувство обединувачот веднаш ќе посака да се обедини. “Големо“, “Семакедонско“, “Народно“, “ Национално“…а всушност се бара обединување за промена на формата и конзервирање на содржината. Истата онаа содржина од пред 30 год, ако сакате и од пред 75 год. Обединување за промена на формата Мурто, со формата Курто. Истата застоена и расипана содржина само да се претура од една во друга форма по системот “ од шупливо во празно“. Без разлика што и да ви кажат, знајте дека сеуште ( и покрај создадената национална катастрофа) има многу, илјадници луѓе кои сакаат да се обединат со некој Курто или Мурто – “Играчите“ на транзициониот систем. Сигурно си велите зошто?

Па тоа не е нормално!

Сосема спротивно, нормално е , природно и од секогаш е така.

Колку и да личи глупаво и гадно на нас, за свињата е сосема нормално да се обедини со другите свињи во некоја “заедничка “ каллива бара.

Исто и за овцата е нормално да се обедини со другите овци , се со цел заедно да “блеат“.

Да конкретизираме, луѓето се обединуват поради : материјален, финанансиски, рекреативен, идеолошки …заеднички интерес.

Се обединуват и за СПАС на својата држава, народ, живот…многу често и за да имаат поголема сила да го сочуваат заедничкото или да го вратат изгубеното.

И тоа е така со илјадници години, посебно кај нас “Словените“ или Палеобалканците.

Постојана се повикуваме на обединување и слога, а успеваме многу ретко.

Желбите и потребите за такво обединување се формулирани во максими кој траат со години и до ден денешен. Примери :

  • “ Трите дела па да биде цела “- Обединета Македонија
  •  “ Обединението прави силата на Б’лгарите“
  •  “ Само слога спашава Србина“

Што мислите дали некое, било кое обединување од овие било успешно?

Па да имало обединување и слога пред 900 год, Св Сава не ќе морал ова да им го говори, тие едноставно ќе си имале слога и ќе си биле обединети…

Поентата е во тоа што, такво обединување не може да постои. Обединување на групации или  движења кои веќе постојат како такви , различни од другите и со намера и тенденција да ја истакнуват својата различност и посебност по секоја цена. Преку истакнување симболи, бои, искажување мислења и ставови различни од другите.

Кога би било возможно такво обединување , групите кои би требало да се обединат воопшто и не би постоеле.

И внимавајте ! Секоја група кога ве повикува на обединување всушност ве повикува на тоа вие да ги видоизмените вашите дотогашни ставови и постулати и да ги прифатите нивните : Мислења, Ставови, Ега, Суети, Предубедувања…

А зошто да го направите тоа ? Затоа што “обединителот“ е : Најсилен, Најпаметен, Иновативен, Неговата идеологија е нова и непобедлива ???

Погодувате резултат на таквите повици на обединување се постојаните поделби и разединувања “ До последен човек“ 

Пред два дена еден сосед ме повика “ Да се обединиме“ да купуваме од тезгите на Бутелчани, а да не купуваме од тезгите на Чаирчани. Сосема легитимно , НО, кои сме ние кои ќе се обединиме, во чие име, со каква цел, што сакаме да постигнеме, каква ќе биде нашата организација и Modus Vivendi , т.е што сакаме да постигнеме, со која методологија и во чие име?

Тука доаѓаме до круцијалното, сите сакаат да не обединат во името на Македонија, Европската унија , Атлантските Вредности….но тоа е толку далечно, магловито и имагинарно…За разлика од тоа “мигрантите“ се обединети со конкретна цел. Да дојдат во Европа, затоа ќе дојдат и многу тешко ќе ги спречат.

Резиме :

Може да обединува само конкретна цел. Дотерана, спакувана и понудена преку : Мисија, Визија и  Програма. Идеа на која интензивно и организирано се работи да прерасне во идеологија. Идеологијата може да биде изнесена само од мудри продуховени ( не “интелигентни” ) луѓе кои ќе бидат организирани во систем , т.е Организација подлабока и помоќна од сегашниот паразитски и деструктивен поданички систем.

 

Само во таков случај обединувањето е возможно!

Само во таков случај ќе важи максимата : ОРГАНИЗАЦИЈАТА Е НАРОДОТ И НАРОДОТ Е ОРГАНИЗАЦИЈАТА.

P.S Обединувањето треба некој да го почне, тоа нема да ни падне од небо…

 

Томче Ширков

Related posts

1 comment

Стојан К. 04/03/2020 at 12:28

Симпатичен и романтичен текст на Томче.
Јас би имал да го кажам следното, како активист на движењето Бојкотирам:

Пристапот и активизмот на движењето Бојкотирам се состои во три точки:
Ништење на бугарски, албански и преспански договор. Само три точки кои обединуваат.
Едноставно, но може да работи. Тоа треба да е реперот на обединителот и стартната точка на обединителите. Нема места за ега …

Идеолог и идеологија ДА, СИГУРНО. Но каде се тука професорите да прашам? Дал се сите тие со партиски ангажман и ја имаат градено својата кариера преку партија, или преку еу/нато фондови па не сакаат да си го нарушат комфорот и да ја ризикуваат фотељата? Тоа е кукавичлук, наместо херојство од нивна страна.

Значи идеолог, визионер, преродбеник е многу битно да имаме како македонци и не треба тој/тие да се водат од лукративни причини и да се на фронтална линија, туку мудро да ја градат својата идеологија.

На крај, обединување ДА, но во полза на народот/граѓаните, а не на партиите и партиските активисти.
Јас на пример како активист немам земено педесет дени, дал тоа ви значи нешто? Само искрено и чесно можеме колективно да ја добиеме автохтоната битка…

Reply

Leave a Comment