Колумни

ТОМЧЕ ШИРКОВ: СУВЕРЕНОСТ, СУВЕРЕНИЗАМ И НИВНАТА СМРТ

Повик за Обединување на Македонскиот Народ и Неговите Представници Околу  Заедничка Победничка Визија! – Коложег.Инфо

Во македонското општество ретко кој ги разликува овие два блиски термини, а уште поретко го разбира нивното значење. Токму оттаму доаѓа и целосното губење на вродената потреба за сувереност, а со тоа и губењето на државата како збирна алатка на народот да ја оствари оваа природна и од Бога дадена привилегија.

Изразот „Суверенизам” во македонската социологија е неточно препишан од СССР учебниците во 1990г. Дополнително, со осамостојувањето на Р. Македонија, овој термин започнува да се употребува и каде треба и каде не треба. Но, со војната од 2001г и со фактичкото потпишување на капитулација пред NATO агресорските сили и домашните предавници, се губи од употреба во општествениот и политички речник.

Но, да одиме од почеток. Сувереност е философски поим и датира уште од самото создавање на државата како облик на живеење, а Суверенизам е политички поим од понов датум. Но, домашните „експерти” им даваат потполно непотребни, неиздржани и често негативни значења, на двата поими!

Франција е првата земја која му даде правна артикулација на поимот, сувереност со актуелизирањето на „Директивата за заедница на внатрешни пазари” и тој формално правно стана Суверенизам.
Според Жан Боден (политиколог и социолог) Франција е родно место на поимот и буквално значи:

ПРАВО НА ПОЕДИНЕЦОТ (групата, заедницата) НЕПРЕЧЕНО ДА ЕГЗИСТИРА И ЗА СИТЕ ПРАШАЊА ПОВРЗАНИ СО ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА ДА МОЖЕ САМ И БЕЗ ПРИСИЛА ДА ОДЛУЧУВА ЗА СЕБЕ!
Интегрирањето на ЕУ и распадот на СССР предизвикало заживување на поимот Суверенизам, наместо поимот Сувереност кој продолжил да се употребува во лична и приватна конотација. Со падот на „Берлинскиот ѕид” и de facto падот на Комунизмот, кованицата „Суверена демократија” сѐ повеќе се употребува и достигнува ниво на фетиш и неопходност во секојдневието. Во 1998г. на самитот на групата Г8 (Г7+Русија) поимот „Суверена демократија” е издигнат на ниво на божество или подобро речено „Златно теле”. Сосема друга работа е како поимот го подразбирале во ЕУ, како во Русија, како во САД. Но, за едно сите биле согласни. А тоа е дека:
“Секоја демократска земја, посебно ако е република и има изборен систем, има и можност и право за Суверенизам и практицирање Суверена демократија”. За прв пат во човековата историја, ова право го гарантирале 200 земји членки на UN (од вкупно 202), Советот за безбедност, OEPS, NATO, ЗНД…а подоцна и БРИКС. Практично кажано сите.

P.S.

Во Р. Македонија од 2016г. ова право не само што никој не го гарантира и брани, туку е прекршувано токму од изумителите и потписничките на декларацијата, но и уште повеќе е стимулирано да биде прекршувано од секого и секаде, неказнето и без никакви правни и меѓународни консеквенци. Како последица на тоа се губи и практичното значење на поимот Суверенизам. Со тоа Република Македонија повторно стана прва земја во светот (барем по нешто)?!

 

Пишува Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија.

 

 

You are currently viewing СУВЕРЕНОСТ, СУВЕРЕНИЗАМ И НИВНАТА СМРТ`

Related posts

Leave a Comment