ХРОНИКА

ТРАГЕДИЈА : Три деца загинаа во експлозија на плинска боца во кумановско

Три деца на возраст од 6,8 и 9 години утрово загинаа во страотна трагедија во кумановското село Романовце.

Прбично, причина за трагедијата е експлозија на плинска боца во семејна куќа, а кумановската полиција врши увид. Експлозијата се случила околу 10 часот.

Во експлозијата се повредени уште 7 членови на семејството каде се случила тешката несреќа.

Сите 7 повредени поради тешките повреди и изгореници се префрлени во скопските болници. Меѓу повредените има уште едно дете, една бремена жена и 5 возрасни.

Експлозијата се случила во една од просториите во семејната куќа на настраданите. Оганот ја изгорел целосно собата во која биле десетмината повредени и загинати.

Related posts

Leave a Comment