Анализа

Трамп ги понижува Палестинците

стандардно

Планот на претседателот Доналд Трамп за Блискиот исток е прилагоден главно на интересите на Израел, додека барањата на Палестинците останаа во втор план. Тоа нема да успее, смета Рајнер Золих.

Со децении, конфликтот меѓу Израелците и Палестинците е нерешен. Ниту војните, нападите, востанијата, меѓународните иницијативи, мировните договори или редовното потсетување на резолуциите на Обединетите нации не сменија ништо. Недовербата е голема, подготвеноста да се направат историски компромиси од обете страни е нула.

Дека американскиот претседател со привлечен мировен поглед од Вашингтон доаѓа на Блискo источната сцена и сигнализира: ние сме во ќорсокак – ајде да пробаме нови идеи сега и да тргнеме по нов пат! – може да биде само импулс што дава надеж.

Секако, Доналд Трамп е претседател кој не е добро познат по своите мировни визии. Нема нови идеи или решенија за Блискиот исток . Напротив, неговиот мировен план, објавен како „дилема на векот“, не е никаква дилема во однос на болниот преговарачки компромис помеѓу рамноправните договорни партнери. Тоа е обид за политички диктат.Планот ги зема предвид безбедносните интереси на Израел – со некои симболични ограничувања – при што Палестинците не учествуваа во изготвување на планот со што можат да бидат само – губитници. Тие се изложени на ризик да изгубат уште повеќе области населени или окупирани од Израел, области на кои тие претендираат според меѓународното право.

Тие наводно треба да добијат своја држава – но ќе мора да се потчинат на безбедносните интереси на Израел и да бидат целосно демилитаризирани. Ерусалим – како што Трамп еднострано го определи во 2017 година – засекогаш ќе остане „неподелена“ престолнина на Израел. Во исто време – така да се каже, за утеха – некои делови (источно) од градот треба да послужат и како „главен град“ на Палестинците.

Претседателот рече дека неговиот план може да биде „последната шанса“ за Палестинците. Можеше да рече: согласете се или одбиј те – но нема да добиете втора шанса! Ова никогаш нема да создаде две еднакви држави. Она што го прави Трамп е создавање на една 1,5 држава.

Ваквата политика е неморална и понижувачка затоа што во конфликтот само на посилната страна и се помага да ги оствари своите „права“. „Мировниот план“ на Трамп е исто така опасен, затоа што го остава Израел со продолжена рака да ги анектира дополнителните палестински територии врз таа основа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху може само да го поздрави договорот, затоа што Вашингтон одамна не направил големи отстапки на некој израелски премиер. Ова му помага во изборната кампања и го дефокусира вниманието од обвиненијата за корупција со кои се соочува.

Треба да очекуваме големи протести на арапско-муслиманската страна. Но, екстремистите можат само да си ги тријат рацете затоа што планот им дава изговори за терор и насилство. Сето ова сигурно нема да го направи Блискиот исток побезбеден. А ниту Израел.

Related posts

Leave a Comment