Свет

Трамп до демократите: Импичментот е објавување војна на американската демократија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, остро ги предупреди демократите во Конгресот дека доколку продолжат со процесот на негово отповикување, тие со тоа „објавуваат војна на американската демократија“.

Во писмото до Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, Доналд Трамп ги опиша обидите за импичмент како „нелегален едностран пуч“.

Од писмото на Доналд Трамп до демократите

Трамп ги изнесе обвинувањата еден ден пред евентуалната дебата во Претставничкиот дом за неговото отповикување.

Претставничкиот дом гласа за секој член на документот за постапката за отповикување . Тие членови индивидуално претставуваат еден вид обвинение, поточно изјава за кршење на Уставот. Усвојувањето на отповикувањето бара мнозинство гласови во Претставничкиот дом и доколку е одобрена која било точка, Претседателот е отповикан. 

Постапката потоа се префрла во Сенатот, кој за оваа пригода се претвора во порота од 100 членови. Претставничкиот дом назначува „менаџери“ кои делуваат како обвинители и ги претставуваат причините поради кои треба да се отповика претседателот. Доколку претседателот заврши пред судот, постапката ја води претседавачот на Врховниот суд.

Потребно е двотретинско мнозинство во Сенатот за да се обвини претседателот. Ако тоа навистина се случи, претседателот автоматски ја губи својата функција.

Related posts

Leave a Comment