Свет

Трамп до спикерката на Конгресот : „Луда Ненси Пелоси, вие сте слаба и бедна личност

EPA-EFE/ KEVIN DIETSCH / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп ја нарече спикерката на Конгресниот дом, Ненси Пелоси, „слаба и бедна марионета“.

Ова се должи на нивните спорови околу финансирањето на СЗО и другите препирки околу коронавирусот.

„Таа е целосно некомпетентна и е контролирана од радикалната левица, слаба и бедна марионета. Врати се во Вашингтон и врши ја својата работа“, напиша Трамп на Твитер.

Тој исто така ја нарече луда и слаба личност.

„Луда Нанси Пелоси, ти си слаба личност, ти си лош лидер. Ти си причината зошто Америка ги мрази политичарите од кариера како што ти си ти“, напиша американскиот претседател.

Како што наведува „Фокс њуз“, објавите на Трамп дошле откако Пелоси во писмо до своите колеги демократи во преставничкиот дом навела  дека тој „ја уништил инфраструктурата која му е доверена а со која  требало за да се надмине пандемијата, што резултираше со непотребни смртни случаи и економска катастрофа“.

Ненси Пелоси мислеше на тимпт за борба против пандемии на поранешниот претседател Барак Обама кој Трамп го распушти кога ја презеде должноста.

Таа рече дека Трамп бил алармиран за пандемијата во јануари, ги игнорирал тие предупредувања и презел недоволни дејства.

Ненси Пелоси оваа недела исто така го критикуваше Трамп поради одлуката да престане да ја финансира Светската здравствена организација.

Related posts

Leave a Comment