Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди на Твитер дека неговото отповикување би можело да предизвика граќанска војна во САД, цитирајќи ја изјавата од евангелистичкиот пастор Роберт Џефрис.
Пасторот Џефрис во интервју за „Фокс њуз“ рекол дека земјата, по импичментот на претседателот, би можела да биде неповратно скршена и никогаш да не се опорави.
Во серија лути Твитови, Трамп напиша дека како и секој американски државјанин, заслужува да се соочи со оние кои го обвинуваат, особено, како што наведе, зошто „свиркачот“ претставил совршен разговор со странски лидер на целосно неточен и лажен начин.
Трамп додаде дека не сака да се сретне само со свиркачот кој ги изнел информациите од „втора и трета рака“, туку и со лицето кое „незаконски му ги дало неточните информации“.
„Дали тоа лице го шпионирало претседателот на САД? Тоа ќе има големи последици“ напиша Трамп.
Тој истакна дека сака претседателот на Одборот за разузнавачки работи во Претставничкиот Дом на Конгресот, Адам Шиф, да биде испитан на највисоко ниво поради „измами и предавсвто“.
Шиф вчера изјави дека Конгресот е одлучен во намерата да добие пристап до разговорите меѓу Трамп и рускиот претседател и други светски лидери и додал дека постои можност Трамп да ја загрозил националната безбедност на САД.