Најверојатните ривали на претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп и Џозеф Бајден, не ја пропуштаат можноста да го поткачат другиот. Американскиот претседател исто така побара од новинарите да ги симнат маските.
Најверојатниот кандидат на Демократската партија на изборите за претседател на САД во ноември, Џозеф Бајден, го нарече својот републикански противник Доналд Трамп „целосна будала“ затоа што не носи маска на јавни настани.
Исто така, Бајден оцени дека начинот на Трамп за борба против пандемијата на вирусот корона „ги чини луѓето животи“. Одлуката дали да се носи маска за лице во јавност или не, стана едно од клучните прашања на политичката битка, според која двајцата американски претседателски кандидати се однесуваат поинаку.
Бајден, 77-годишен поранешен потпретседател на САД , се појавува во јавноста со маска на лицето, што Трамп го коментира на Твитер: „Ова би можело да помогне да се објасни зошто не носам маска во јавноста“.
Американскиот претседател во вторникот изјави дека смета како е „многу невообичаено“ што Бајден носел маска за Денот на сеќавањето, со оглед на тоа дека бил на отворено, на убаво време. Патем, Бајденовото излегување во јавност во понеделникот беше прво негово за неколку недели, бидејќи има 77 години и спаѓа во најризичната група во врска со сегашната епидемија на коронавирус.
Потоа Трамп напиша дека нема намера да биде критичен, туку само да се пошегува.
Додека одговараше на прашањата, тој побара од новинарот да ја симне маската, затоа што не го слуша добро. Новинарот одговори: „ Не сакам да ја симнам маската, ќе зборувам погласно “, а Трамп му возврати: „ А-ха, сакате да бидете политички коректни, добро “. Новинарот на тоа рече: „ Не, господине, сакам да носам маска, затоа што така треба “.
На коментарите на Трамп, Бајден одговари : „ Тој е будала, целосна будала, затоа што така говори. Дури и водечките лекари во светот велат дека треба да носите маска во толпа “.
Бајден однесувањето на Трамп го нарече „ мачо глупости “ и лажно машко однесување луѓето ги чини животи.