Организаторите на CPAC останаа пријателски настроени кон Трамп, а учесниците на конференцијата во голема мера ја поддржуваат неговата евентуална кандидатура
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој се уште не одлучил дали повторно ќе се кандидира, викендов ќе се обрати на собирот на конзервативни активисти.
Како што пренесува Си-Ен-Ен, Трамп ќе одржи говор на годишната Конзервативна политичка акциона конференција (CPAC), која започнува во четврток во Далас, во организација на Американскиот конзервативен сојуз.
Меѓу другите говорници во Тексас ќе биде и унгарскиот премиер Виктор Орбан, чие обраќање е закажано за четврток.
Организаторите на CPAC останаа пријателски настроени кон Трамп, а учесниците на конференцијата во голема мера ја поддржуваат неговата евентуална кандидатура.
Си-Ен-Ен продолжува да пишува дека Орбан е „контроверзна личност“ која, како што велат, наметнува рестриктивни закони за имиграција во Унгарија и ја намалува моќта на демократските институции со цел да ја зацврсти својата позиција на власт.