Парите ќе бидат уплатени на сметките на осум добротворни здруженија, изјавија службите на државниот јавен обвинител Џејмс
Судот во Њујорк во четвртокот донесе пресуда дека Доналд Трамп мора да плати отштета од два милиони долари за користење на фондација како политички инструмент, како дел од спогодбата со судот.Главниот њујоршкиот јавен обвинител ги обвини фондацијата и нејзините администратори во јуни 2016 година, велејќи дека Доналд Трамп ја користел организацијата за лични, а не за добротворни цели. Иако американскиот претседател во неколку наврати изјави дека нема да попушти во овој случај, тој и неговите три деца (Доналд јуниор, Ерик и Иванка) се договорија со судот и јавниот правобранител Летиција Џејмс да ја прекинат постапката, покажуваат документите прикачени на досието. Парите ќе бидат уплатени на сметките на осум добротворни здруженија во добротворни цели, изјави државниот јавен обвинител Џејмс. Фондацијата официјално се затвори во декември 2018 година.