Турција во средата започна воена акција во Сирија. Воздушните напади беа извршени во областа контролирана од Курдите, а започна и копнена офанзива.
Турската војска стапи во акција веднаш откако американскиот претседател Доналд Трамп нареди повлекување на американските специјални сили од областа долж границата со Турција, наменета за таканаречена „безбедна зона“ што Турција сака да ја контролира.
До неделата, САД беа најголемиот сојузник на Курдите во борбата со екстремистите на т.н. Исламска држава.
Трамп се обиде да ја оправда својата одлука да ги напушти Курдите, цитирајќи го ветувањето за повлекување на војската од Блискиот исток и релативизирање на улогата на курдските борци како сојузници на САД.
“Курдите се бореа заедно со нас, но за тоа им се исплатени големи суми пари и оружје. Тие се борат со Турците со децении. Го одложувам овој конфликт скоро 3 години, но време е да се извлечам од овие смешни бескрајни војни, од кои многу се племенски , и ние ги носиме нашите војници дома “, напиша Трамп на Твитер.
Тој, исто така, и се закани на Турција дека „целосно ќе ја уништи и збрише“ нивната економија ако „отидат предалеку“ во нападите врз Курдите.
„Турција, членка на НАТО, ја нападна Сирија. САД не го поддржуваат нападот и и ставија до знаење на Турција дека операцијата е лоша идеја“, рече тој во краткото соопштение, додавајќи дека „Курдите се борат за својата земја“.
„Тие не ни помогнаа во Втората светска војна. Тие не ни помогнаа во Нормандија, на пример“, рече Трамп, во одбрана на својата одлука да ја повлече американската војска и да ги остави Курдите „на цедило“.
На прашањето како ова напуштање на сојузниците ќе влијае на другите американски сојузници, Трамп одговори: „Сојузите се многу лесни. Но, нашите сојузници не искористуваат нас“.
NEW: Asked about the Kurds, President Trump says they "didn't help us in the Second World War, they didn't help us with Normandy" and that they're fighting for "their land." pic.twitter.com/PbCb2wzm8T
— Yahoo News (@YahooNews) October 9, 2019