Свет

Трамп: Лудата Нанси ги мрази сите што гласаа за мене

EPA / JIM LO SCALZO

Доналд Трамп повторно ја критикуваше спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси затоа што го одложи на неодредено време усвојувањето на предлогот за отповикување на Трамп во Сенатот.

Документот е неопходен за да се започне „судењето“ на Трамп откако Претставничкиот дом гласаше за неговото отповикување.

„Таа ги мрази сите луѓе кои гласаа за мене и за Републиканската партија. Таа и штети на земјата“, рече Трамп.

Трамп исто така ги критикуваше и демократските пратеници за неговото отповикување.

„Бевме третирани многу нефер, а сега тие сакаат да бидат третирани фер во Сенатот“, рече Трамп во интервју за медиумите во своето одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида.

Во меѓувреме, Конгресот е на празнична пауза, иако после одлуката на преставничкиот дом не е постигнат договор за продолжување на процесот.

Главното прашање во моментов во Вашингтон е како ќе изгледа таканареченото судење во Сенатот, каде републиканците имаат мнозинство, на кое ќе се одлучува  за разрешување на Трамп и ќе им овозможат на демократите да повикаат нови сведоци во текот на овој процес.

До горниот дом на Конгресот,се уште не е проследена резолуцијата  за  отповикување поради што републиканците и Трамп го критикуваат спикерот Нанси Пелоси.

„Тие побрзаа да гласаат за отповикувањето, а сега одеднаш Нанси Пелоси го одложува процесот“, рече републиканскиот сенатор на Висконсин, Рон Џонсон, за викендот.

Од друга страна, неговиот демократски колега Даг Џонс од Алабама вели: „Ако тие навистина веруваат дека случајот против Трамп е тенок, тоа е така затоа што претседателот на САД им нареди на своите клучни соработници, кои имаат директни сознанија за сè, да не сведочат“.

Трамп на Твитер ја нападна претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и ја нарече „луда“ затоа што таа сè уште не испратила резолуција за отповикување, без која не може да започне судењето во горниот дом на Конгресот.

Ненси Пелоси истакнува дека таа нема да го стори сé додека не се утврдат правилата околу судењето.

Трамп им го честита Божиќ на верниците

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп на Американците им посакаа Среќен Божиќ додека го прославуваат празникот со семејството на Флорида.

„Претседателот и јас сакаме да му посакаме на секој Американец Среќен Божиќ“, рече првата дама на САД во видео пораката снимена во Белата куќа.

„Испраќаме посебна молитва за оние припадници на војската кои се распоредени далеку од дома и повторно ја изразуваме нашата надеж за мир меѓу народите и радост во светот“, рече таа во пораката.

Трамп ги пофали вооружените сили за нивните напори во борбата против последниот калифат на Исламската држава и убиството на нејзиниот лидер Абу Бакр ал-Багдади.

Тој, исто така, ги истакна економските успеси дома и најави пораст на платите на војниците во новата година. Од новинарите Трамп беше  запрашан што и купил на госпоѓа Трамп за Божиќ.

„Убава честитка“, рече тој и призна дека „сè уште работи на Божиќниот подарок“.

Related posts

Leave a Comment