Претседателот на САД, Доналд Трамп, пред две години понудил помилување или некаков излез од проблематичната ситуација на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, според доказите што треба да бидат презентирани пред лондонскиот суд.
Адвокатот на Асанж, Едвард Фицџералд, на денешното сослушување во Лондон објави дека членот на одбраната на Асанж, Џенифер Робинсон, ќе ја објави понудата на Трамп на почетокот од следната недела.
Според него, Робинсон ќе опише како сенаторот Дејн Рохрабакер го посетил Асанж во еквадорската амбасада, каде му понудил договор во 2017 година.Фицџералд предложил договор според кој Асанж треба да ја негира поврзаноста на Русите со хакерскиот упад во електронската пошта на Националниот комитет на Демократската партија пред изборите во 2016 година.
Основачот на Викиликс претходно се појави пред судот во Лондон преку видео-врска од затворот Белмарш.
Асанж помина седум години во еквадорската амбасада, од каде што минатата година беше одведен од британската полиција.
Соединетите држави бараат тој да се соочи со 18 точки од обвинението, вклучително и здружување за хакирање на владините компјутери и кршење на законот за шпионажа. Ако биде прогласен за виновен, тој се соочува со неколку децениска казна затвор.
Судот во Лондон треба да започне со судењето следната недела за да одлучи дали тој ќе биде испратен во САД.
Денес,Џулијан Асанж само ги потврди своето име и година на раѓање.