Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека сака Украина и Кина да ги истражат неговиот политички ривал, демократот Џо Бајден и неговиот син, отворено барајќи го тоа зошто демократите во Конгресот започнаа истрага за негово отповикување.
Претходните обиди на Трамп украинскиот претседател Володимир Зеленски да отвори истрага за Бајден и неговиот син Хантер, беа забележани во снимката на телефонскиот повик на 25 јули објавени од Белата куќа, како и во пријавата на свиркачот со која се тврди дека Трамп сакал да изврши притисок врз украинскиот лидер, условувајќи го со Финансиска помош од САД.
„Им препорачувам да започнат истрага за Бајденови“, одговори Трамп кога го прашаа што сака од Зеленски.
Тој додаде дека верува дека истрагата за семејството на најверојатниот демократски кандидат за претседател на изборите следната година, треба да ја отвори и Кина за бизнисот на Хантер Бајден во таа азиска земја, но не откри на што конкретно мисли.
„Патем, и Кина треба да започне да го испитува Бајден. Затоа што она што се случи таму е исто толку лошо како во Украина“, рече американскиот претседател пред да отпатува за Флорида.
Првиот сведок во случајот со Украина
Поранешниот американски претставник во Украина Курт Волкер стана првиот сведок што сведочеше пред Конгресот во истрагата за отповикувањето на Трамп, пренесува Би-Би-Си.