Свет

Трамп: Престанете да се заканувате, имаме на мета 52 локации во Иран

Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп одговори со серија твитови на предупредувањата кои доаѓаат од Иран дека ќе се одмазди за убиството на генералот Касим Сулејмани.

Иранскиот генерал беше убиен во Багдад во петокот во воздушен напад нарачан од Доналд Трамп, а во меѓувреме Иран „вети“ остра одмазда за убиството.

Трамп денеска одговори на заканите од иранското раководство – американскиот претседател се осврна на Техеран , предупредувајќи за можен напад на „52 ирански цели“.

Така, Трамп потсети на драматичните настани што го шокираа светот во 1979 година.

– Нека ова служи како предупредување дека доколку Иран погоди некој американец или американски имот, ние напаѓаме 52 ирански места (претставуваат 52 американски заложници заробени од Иран пред многу години), од кои некои се многу битни и важни за Иран и иранската култура. САД повеќе не сакаат закани – напиша Трамп.

Related posts

Leave a Comment