Свет

ТРАМП: ПУТИН Е ГЕНИЕ! Го гледав пред цел свет како ги прогласува ЛУГАНСК И ДОНЕЦК за суверени држави и нема да му фали влакно на главата… ТОА Е ПРЕКРАСНО!

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е импресиониран од начинот на кој рускиот претседател Владимир Путин се справува со украинската криза, а особено од неговата одлука да ги признае републиките Доњецк и Луганск како независни држави пред целиот свет

Поранешниот врховен командант на САД во изјава за американските медиуми не крие дека е воодушевен од Владимир Путин, и дека не може да поверува колку лесно рускиот претседател успеал да ја сврти ситуацијата во своја полза.

– Во понеделникот го гледав Путин како ги прогласува Луганск и Доњецк за суверени држави пред камерите и пред целиот свет. Си реков: Па ова е генијално! Путин едноставно прогласи огромен дел од Украина за независни територии и поради тоа нема да му падне влакно. Тоа е прекрасно – објасни Трамп во интервју за познатиот американски радио водител Бак Секстон.

Трамп вели дека Владимир Путин успеал да „грабне“ дел од територијата на соседна Украина без сериозни последици, бидејќи санкциите што потоа му ги воведе Западот биле „недоволно агресивни“.

Еве еден дечко кој е многу, многу интелигентен. Добро го познавам… Тој е тип кој е подготвен ладнокрвно да каже пред целиот свет: „Знаете што, ќе прогласам независен голем дел од Украина“. Потоа убаво и мирно им објасни на сите дека со војска ќе влезе на териториите на овие нови држави и дека ќе обезбеди мир. Сигурен сум дека нема да сноси никакви сериозни последици поради тоа – изјави 45-от претседател на САД.

Ќе беше поинаку да бев претседател

На прашањето на новинарите како Путин ја надмудри Америка, Доналд Трамп објасни дека ништо од ова немаше да се случи доколку демократите не го украдоа на претходните избори и насилно го внесеа Бајден во Белата куќа.
-Да бев уште претседател, Русија немаше да може така да се однесува. „Она што го создаде проблемот се украдените претседателски избори, на кои победи човек кој не требаше да победи и кој нема капацитет да биде лидер на Америка“, рече Трамп.

Тој ја нарече „многу паметна“ најавата на рускиот претседател дека ќе испрати мировна мисија во Доњецк и Луганск, додавајќи дека и САД можат многу да научат од Путин.

– Тоа е најсилната мировна мисија во светот… Една таква „мировна мисија“ би можеле да испратиме на југот на нашата земја, на пример до границата со Мексико. Тоа би решило многу проблеми… Никогаш не сум видел повеќе тенкови отколку во таа мировна мисија што Путин се подготвува да ја испрати во Украина. Тие, секако, ќе обезбедат мир во тој регион, во тоа нема сомнеж – иронично забележа контроверзниот американски милијардер.

Смешни санкции
Доналд Трамп го обвини актуелниот шеф на Белата куќа Џо Бајден за падот на западната стратегија во Украина, кога го нарече неспособен и незрел за функцијата што ја има.

– Путин лесно го надмудри Бајден, кој нема ниту ментална ниту физичка сила да се справи со рускиот лидер. Беше тажно да се види како тој одговори на многу силниот и мудар потег на Путин со некои смешни санкции, рече Трамп, кој планира повторно да се кандидира на следните претседателски избори.

Related posts

Leave a Comment