Свет

Трамп размислува Њујорк да го стави во карантин

Во САД досега се потврдени 116.000 случаи корона вирус , така што броките на заразени во САД се повисоки отколку во Кина и Италија

Најмалку 1.937 лица починале , пренесува Ројтерс. Највеќе заразени има во државата Њујорк, дури 52.000.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување на двонеделен карантин во Њујорк, Њу Џерси и Конектикат. За Њујорк, кој го нарече „жариште“ на вирусот, Трамп вели дека тоа би било задолжителен карантин.

„ Претпочитам да не го сторам тоа, но можеби ќе мораме “, рече Трамп.

Њујорк е најголемо жариште на коронавируси во САД. Заразени се 52.318 лица, што е скоро половина од сите регистрирани случаи во Америка. Починаа 728 лица.

На прес-конференцијата, гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо, рече дека се регистрирани 7.681 новозаразени и 209 смртни случаи, како резултат на  Ковид-19,  која досега во светот однесе  повеќе од 30.000 животи .Поради се поголемиот број на заразени,бродот-болница на американската армија ,,Confort” со 1000 кревети е на пат за Њу Јорк и се очекува во понеделник да вплови во њујоршкото пристаниште.

Related posts

Leave a Comment