Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави збунувачки твит по убиството на генералот Касем Сулејмани, вториот најмоќен човек на Иран, во нападот на САД во Ирак.
– Иран никогаш не победи во војната, но никогаш не ги загуби преговорите – напиша Трамп на Твитер.
Iran never won a war, but never lost a negotiation!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 3, 2020
Неговата порака се чини како обид да се оправда можната војна со Иран, по оваа ескалација на конфликтот во Ирак.
Сепак, тој исто така веднаш доби одговор на твит во кој се наведува дека ѕој е во грешка. Имено, не е точно дека Иран никогаш не победил на војна.Меѓу другото, иранската војска учествуваше и во борбата против Исламската држава во Ирак, која на крајот остана без контрола на територијата што некогаш ја имаше.
Iran never won a war, but never lost a negotiation!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 3, 2020
Претходно, Трамп повеќе пати рече дека сакал да ја повлече американската војска од Блискиот исток, но откако е на чело на САД, постојано бил во расправија со Иран, кого го нарече најголем американски непријател.