Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес го нарече незаконски планот на Мичиген да им испрати на гласачите гласачки ливчиња по пошта за претстојните претседателски избори, иако тој притоа не цитираше никаков закон, а се закани дека ќе го блокира финансирањето на таа држава.
“Тоа е направено незаконски и без согласност на државниот секретар. Ќе побарам да биде запрено финансирањето за Мичиген, ако сакаат на овој начин да ги измамат гласачите”, напиша Трамп во твит.
Таа порака тој ја испратил до министерот за финансии Стивен Мнучин, до шефот на неговата канцеларија и вршителот на должноста директор на Кабинетот за управување и буџет (ОМБ).
Сите гласачи во Мичиген ќе добијат апликации за гласање по пошта
Државниот секретар на Мичиген, Жоселин Бенсон, во вторникот изјави дека сите 7,7 милиони гласачи во Мичиген преку пошта ќе добијат пријави за гласање во отсуство пред да бидат одржани пре изборите на 4 август или општите избори на 4 ноември, така што никој не би морал да бира „помеѓу правото на здравје и правото на гласање“.
Мичиген не се идентификува со ниту една политичка партија. Републиканецот Трамп победи на изборите во 2016 година таму, но во 2012 година победата му припадна на демократскиот поранешен претседател Барак Обама.
Републиканците гласањето по пошта го нарекуваат измама, велејќи дека така демократите се фаворити на изборите
Републиканците велат дека гласањето по пошта води до измама и ја фаворизира Демократската партија, додека демократите велат дека тоа им овозможува на повеќе луѓе да гласаат.
Ускратувањето на финансирањето од федерално ниво би имало сериозни последици за Мичиген, чиј гувернер е од Демократската партија.
Мичиген изминативе два месеци беше под строги мерки на блокада, како резултат на епидемијата на коронавирус, а ваквите строги ограничувања предизвикаа протести таму, во кои имаше и вооружени лица.
Во вторникот вечерта, гувернерот Гретчен Витмер прогласи вонредна состојба во некои делови на државата, откако обилните дождови предизвикаа пукање на две брани, принудувајќи илјадници луѓе да ги напуштат своите домови.