Саботажата што ги оштети гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен поток два“ може да доведе до ескалација или дури и војна, предупреди поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Тој на својата социјална мрежа „Truth Social“ напиша дека додека сите зборуваат за големиот ураган што ја погоди Флорида, ситуацијата околу гасоводот може да има посериозни последици.
„Можеби многу поважен настан на долг рок е објавата дека гасоводите Северен тек еден и два надвор од Русија се саботирани. Ова може да доведе до голема ескалација или војна“, рече Трамп.
Трамп потсети дека за време на неговиот мандат како претседател на САД, тој предупреди колку потпирањето на рускиот гасовод може да и наштети на Германија и другите делови на Европа, пренесе ТАСС.
– Тогаш сите се смееја, но веќе не се смеат – рекол Трамп.
Шведскиот весник „Свенска дагбладет“ денеска објави дека на четврто место на оштетените гасоводи „Северен тек еден и два“ е откриено истекување гас.