ВАШИНГТОН – Дневниот брифинг за новинарите, кој во четвртокот е одржан во Белата куќа беше обележан со жестоки дискусии на американскиот претседател Доналд Трамп со некои новинари, за кои обвини дека шират „лажни вести“.
Првично, новинарот на „Вашингтон пост“, Филип Ракер, по презентацијата на работната група за ранливоста на коронавирусот на сончева светлина и влага, го праша претседателот дали е опасно да се сугерира луѓето да излезат надвор, со оглед дека смртни случаи се пријавени и на места со потопла клима, како што се Флорида и Сингапур.
„Ајде да одиме, ајде да одиме, насловот е„ Трамп бара од луѓето да излезат – тоа е опасно ““, иронично искоментира Трамп, пренесува Фокс Њуз.
Според „Форбс“, Трамп излегол со хипотетички идеи за „внесување светлина во телото“ или употреба на средства за дезинфекција во третманот на коронавирусот, иако една од здравствените експерти, Дебора Беркс, изјави дека не е запознаена со примена на светлина и топлина во лечење на овој вирус .
„Можеби можете, можеби не можете, јас не сум лекар“, рече Трамп, на што Ракер му рече дека е претседател и дека луѓето на овие брифинзи би сакале да слушнат информации и упатства за тоа што да прават, а не да слушаат гласини.
На тоа Трамп возврати : „Јас сум претседател а вие сте лажни вести“.
Трамп продолжи да ги критикува медиумите за време на брифингот, а откако Кејтлин Колинс од Си-Ен-Ен праша за д-р Рик Брајт и неговите тврдења дека бил отпуштен од федерална агенција која го предводи развојот на вакцини затоа што изразил сомнеж за употреба на хидроксихлорокин, Трамп одби да одговори.
„Си-Ен-Ен се лажни вести. Не ми се обраќајте “, порача Трамп.