Свет

Трамп: Сулејмани требаше да биде ликвидиран пред многу години

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранскиот генерал Касем Сулејмани, убиен во воздушен напад од САД, планирал да убие многу повеќе американски државјани.

Трамп  на Твитер напиша дека  Касем Солејмани  убил и сериозно повредил илјадници Американци во тек на долг период .

„Тој планираше да убие многу повеќе Американци! Тој е директно и индиректно одговорен за смртта на милиони луѓе, вклучително и голем број демонстранти во Иран“, рече американскиот претседател.

„Додека Техеран никогаш нема официјално да го признае тоа, Сулејмани беше подеднакво омразен и иранскиот народ се плашеше од него“, истакна Трамп.

Трамп смета дека тој требал да биде ликвидиран пред многу години.

Тој додаде дека Иран „никогаш не добил војна, но никогаш не ги загубил преговорите“. 

 

 

Related posts

Leave a Comment