Јас победив на изборите, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на својот профил на Твитер. Тој не ја објасни својата нова порака подетално, а претходно напиша „светот нè гледа“, повторувајќи ги обвинувањата за изборни нерегуларности.
Трамп ја испрати оваа порака во време на обиди за легално оспорување на резултатите во некои американски држави, каде медиумите ја прогласија победата на неговиот противник Џо Бајден .
I WON THE ELECTION!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 16, 2020
Трамп претходно напиша дека Уставот на САД бил прекршен за време на претседателските избори одржани на 3 ноември и „нападнат како никогаш порано“. Тој додаде дека „медиумите за лажни вести постојано тврдат дека Бајден е избран за претседател , не давајќи и можност на нашата страна да се појави“.
Why does the Fake News Media continuously assume that Joe Biden will ascend to the Presidency, not even allowing our side to show, which we are just getting ready to do, how badly shattered and violated our great Constitution has been in the 2020 Election. It was attacked,..
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 16, 2020
Тој повтори дека голем број набљудувачи на изборите не можле да го следат пребројувањето на гласовитек, дека „Демократите измениле милиони гласови во нивна корист“ и дека „гласањето се одвивало и по завршувањето на изборите“.
….perhaps like never before! From large numbers of Poll Watchers that were thrown out of vote counting rooms in many of our States, to millions of ballots that have been altered by Democrats, only for Democrats, to voting after the Election was over, to using Radical Left
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 16, 2020
Тој, исто така, ги повтори обвинувањата против софтверот за гласање на канадската компанија „Доминион“ , за кој изјави дека не е безбеден. Тој додаде дека Уставот на САД нема да дозволи да се одржат „лажните резултати од резултатите од изборите и од гласањето по пошта“.