Во новата кампања за прибирање средства за Републиканската партија, поранешниот американски претседател Доналд Трамп вети дека ќе ја „врати“ Белата куќа и дека републиканците ќе ја преземат контролата над двата дома на Конгресот „порано од колку што некои мислат“. Тоа ќе биде нешто многу посебно, додаде Трамп. Со таа изјава ги испровоцира критичарите.
Снимка од изјавата на Трамп беше објавена на Јутјуб каналот на Комитетот на националниот републикански сенатор во петокот, кој собира средства, а беше испратена до донаторите во саботата.
INBOX – Trump: "We’re gonna take back the Senate, take back the House, we’re gonna take back the White House – and sooner than you think. It’s going to be really something special…"@disclosetv pic.twitter.com/w48xS79Zqe
— 404_Not_Found (@4_04_Not_Found) June 5, 2021
Критичарите го опишаа последното ветување на поранешниот американски претседател како „пореметено“ и „опасно“, а видеото се прошири на социјалните мрежи.
The defeated authoritarian leader who inspired a violent insurrection and denies the legitimacy of his successor says his party will be back in the White House "sooner than you think." What would you say if you saw it in another country? pic.twitter.com/km38cTY1WI
— Brendan Nyhan (@BrendanNyhan) June 5, 2021
Пораката на Трамп дојде пред конвенцијата на Републиканската партија во Северна Каролина во саботата вечерта, кога тој ја обвини администрацијата на Бајден за „уништување“ на земјата.
“Единствената работа која (демократите) ја имаат е да се држат заедно. Тие немаат луѓе како нас кои одат сами и го прават она што треба “, рече Трамп.
Додека кружат гласини за политичката иднина на Трамп, тој во петокот ги алармираше критичарите кога во едно интервју рече дека можеби е заинтересиран да се кандидира за Конгресот во блиска иднина.