На денешната прес конференција Венко Филипче ги соопшти најновите информации во врска со пациентите заболени од коронавирус во државата. На клиниката за Инфективни болести починале тројца пациенти од коронавирус, пациент од Кочани на 40-годишна возраст, пациент од Тетово на возраст од 69 годишна возраст и уште еден пациент од Тетово на 65-годишна возраст. Оздравени се 4 пациенти кои денеска зминуваат од клиниката. Во изминатите 24 часа регистрирани се 15 нови случаи на коронавирус во државата.