Свет

Трудо по стапките на Трамп : Имаме докази дека украинскиот авион е соборен

Канадскиот премиер рече дека доказите покажуваат дека иранска ракета го урнала авионот и дека можеби тоа било случајно.

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека доказите покажуваат дека иранска ракета го урнала украинскиот патнички авион и дека „можеби е ненамерно“.

Трудо рече дека основа за ова постои во разузнавачките кругови, но одби да даде детали, додавајќи само дека се чини дека ракета земја – воздух го погодила авионот.

„Информациите од разузнавањето упатуваат многу јасно на можната и веројатната причина за несреќата“, рече канадскиот премиер на прес-конференција.

Во несреќата загинаа сите 176 патници и персонал.

Најмалку 63 Канаѓани биле во авионот.

Негирање на Техеран

Висок украински службеник за безбедност претходно изјави дека е можно патничкиот авион што се урна во Иран да бил соборен од руска ракета.

Во исто време, американските медиуми објавија дека украинскиот авион бил погоден од ракета од руско производство Тор-М1, повикувајќи се на неименувани функционери на Пентагон, како и на американски и ирачки разузнавачки служби.

Но, официјален Техеран ги отфрли како „нелогични гласини“.

„Невозможно е ракета да го погодила украинскиот авион“, рече шефот на иранската организација за цивилно воздухопловство Али Абеџеде, пренесе ИСНА.

„Од научна гледна точка, невозможно е ракета да го погодила украинскиот авион, така што ваквите гласини се нелогични“, додаде тој.

Истрага на украинскиот тим

Авионот падна за време на ескалацијата на тензиите меѓу Техеран и Вашингтон, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.

Екипа од 45 украински експерти пристигна во главниот град на Иран за да испита зошто еден авион на украинскиот Интернационал ерлајнс се урна неколку минути по полетувањето од аеродромот „Имам Хомеини“, рече Олексиј Данилов, генерален секретар на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана.

Related posts

Leave a Comment