Американскиот народ треба да ја разбере сериозноста на ситуацијата во која не доведоа администрацијата на Бајден и лидерите во Вашингтон.
Ова го изјави поранешната членка на американскиот Конгрес и поранешен кандидат за претседател на САД од редовите на партијата на Џо Бајден, Тулси Габард.
Садомазохизмот е единствениот израз кој можам да го употребам како термин кој би ја опишал болната омраза на Бајден кон Русија и за која е спремен да го жртвува сопствениот народ.
Тој не втурнува и нас и остатокот од светот на раб на нуклеарна војна.
Самиот претседател Бајден вели дека нема идеја кога и како ќе заврши (војната во Украина), но знаеме каде води оваа ескалација. предупредува таа.
Бајден откри дека неговата борба за „слобода и демократија“ е фарса затоа што оди до нозете на Саудиска Арабија, исламска диктатура во која нема права на жените, слобода на говор или религија и најголемиот спонзор на исламистичкиот тероризам во светот. предупредува Тулси Габард.
„Американскиот народ треба да ја види оваа лага“, изјави политичарката.