Селекторот на фудбалската репрезентација на Црна Гора, Србинот Љубиша Тумбаковиќ, заедно со играчите и сограѓаните Мирко Иванић и Филип Стојковиќ, одбија да играат на натпреварот против косовската селекција, пренесуваат црногорските медиуми.
Некогаш трофејниот тренер на Партизан и тандемот од Црвена ѕвезда одбија да настапат од нефутбалски причини, пишува подгорички веб-сајт.
Како што информираат медиумите, наводно тие во изминатите денови биле изложени на жестоки притисоци од Белград, за да не бидат учесници на мечот против Јужна Србија во квалификациите за Европското првенство 2020.
Тоа практично значи дека Тумбаковиќ заврши со својата работа во Црна Гора, знаејќи дека подоцна го чека гостување во Приштина.
Екипата на Црна Гора вечер ќе ја предводат помошниците на Тумбаковиќ, Миодраг Џудовиќ и Драгоје Лековиќ, во мечот што се игра во Подгорица пред празни трибини поради казната на УЕФА.
За разлика од тројцата , во составот на Црна Гора ќе се најдат родениот Београѓанин Адам Марушиќ, уште еден Србин Марко Симиќ, како и поранешниот фудбалер на Црвена ѕвезда, Вукан Савиќевиќ.