Конвојот се состои од 30 борбени возила, од кои 12 се оклопни гасеничари кои носат муниција и друга воена опрема.
Голем турски воен конвој ја мина границата со Сирија кај Кафр Лусеин, се упати кон југ кон Идлиб, пренесува Саут фронт.
Конвојот наводно, се состои од 30 борбени возила, од кои 12 се оклопни гасеничари кои носат муниција и друга воена опрема.
Сето ова се случува во исто време со ослободувањето на Марат ал Нуман, од кој џихадистите денес избегаа од силните напади на 25-та Дивизија за специјални операции (тигри) и редовните единици на сириската Арапска армија.
Large Turkish Military Convoy Heads To Southern Idlib As Syrian Army Crashes Militants Near Maarat Al-Numan https://t.co/diSmHgDJdL pic.twitter.com/EOtZbT4jj9
— Karl E (@therussophile) January 28, 2020
Џихадистите на слободната сириска армија спонзорирана од запад, го освои Марат ал Нуман во 2012 година, а овој град долго време се сметаше за главно упориште на исламистите во јужен Идлиб.
Марат ал-Нуман пред војната имаше население од околу 50 000 жители, додека во 2017 година, се проценуваше дека има 80.000, пред се заради бегалците од околните места, кои се слеваа и кои бегаа од безвластието на џихадистичката територија. Во близина на градот, постојат две многу важни археолошки локалитети – „мртвите градови“ Бар и Серџил.
A Turkish convoy with tanks enters Idlib and is heading to south of it. #copied pic.twitter.com/Jh7eeyRCrV
— Bosni (@Bosni_94) January 27, 2020
Важноста на овој град лежи во фактот дека лежи на стратешки важниот автопат Алепо-Хама. Кој го контролира Марат ал Нуман, го контролира и јужниот дел од тој пат, што ќе им го отежне снабдувањето на џихадистите кои продолжуваат да преживуваат на југ.