Свет

Турција го прозва ирачкиот амбасадор во врска со обвинувањата за убиство на цивили

 

 

Турското Министерство за надворешни работи го повика ирачкиот амбасадор, Исам Мохамад, откако ирачкото Министерство за надворешни работи го критикуваше упадот на Анкара во Ирак.

Ирачкото Министерство за надворешни работи ја нарече турската инвазија на северен Ирак “унилатерални воени дејства” откако убија четворица цивили додека ја бомбардираа Курдската работничка партија (ПКК); ова не беше добро прифатено од Анкара.

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хами Аксој, му рече на ирачкиот амбасадор дека неговата земја “цврсто ќе ги продолжи” своите операции во Ирак, објави државната новинска агенција Анадолу.

Тој истакна дека изјавата на Ирак “не соодветствува со позитивниот импулс” што беше инициран преку претходните разговори на високо ниво меѓу двете земји.

Тој, исто така, истакна дека министерството ги информираше обвинителите дека “Турција го почитува суверенитетот на Ирак, па одтаму Багдад не треба да дозволи присуство на терористи на нејзина територија”.

Related posts

Leave a Comment