Свет

Турција: Заробивме 41 џихадист

 

Министерот за внатрешни работи на Турција изјави дека 41 осомничен припадник на Исламска држава биле повторно заробени откако избегале од камп во Сирија претходно оваа недела, за време на борбите меѓу турските и курдските сили.

Сулејман Соилу за турските медиуми изјави дека 195 други осомничени терористи веќе се приведени.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини сириските курдски сили за ослободување на околу 750 припадници на Исламска држава и нивните семејства во услови на офанзива на турските сили.

Според АП, затворениците од турска националност веќе биле пренесени со комбе во Турција, каде ќе им се суди.

Според извештаите во медиумите, припадниците на Исламската држава се заробени од сириските опозициски сили, поддржани од Турција.

Странските државјани, од кои голем дел се Европејци, ќе бидат префрлени во турската зона под контрола на турскиот дел во северен Алепо.

Related posts

Leave a Comment