Свет

Турција не се откажува – „набавката на С-400 е само техничка работа“

Администрацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека прашањето за стекнување нови системи за воздушна одбрана С-400 е само техничка работа.

Москва се надева дека ќе продаде повеќе системи С-400 на Турција во првата половина на следната година, објави концернот „Рособоронекспорт“ минатиот месец.

Ваквиот потег би можел дополнително да ги заостри односите меѓу Турција и САД, откако Вашингтон ја суспендираше Анкара од програмата Ф-35.

Испораките на системот С-400 за Турција започнаа ова лето . Русија исто така и ги понуди на Турција своите борбени авиони за кој во Анкара веќе ја проценуваат понудата.

Related posts

Leave a Comment