Рано изутрината на 13 јуни, терористите од артилериско оружје гранатираа набљудувачки пункт на турските воени сили лоцирани во близина на планинскиот предел Џабал Завија
Анкара побара помош од Москва околу безбедноста на својата војска откако терористите го гранатираа турскиот воен набљудувачки пункт во сириската провинција Идлиб, објави руското Министерство за одбрана во четвртокот. Рано изутрина на 13 јуни, терористите од артилериско оружје гранатираа набљудувачки пункт на турските воени сили лоцирани во близина на планинскиот предел Џабал Завија во провинцијата Идлиб, објави министерството.
“Поради заканата по животот на својот персонал, турската команда се обрати кон рускиот центар за помирување на спротивставените страни, барајќи помош околу безбедноста на својата војска и побараа руските сили воено да дејствуваат против позициите на терористите”, се вели во соопштението.
Министерството за одбрана соопшти дека Руските воздухопловни сили одговарајќи на апелот на Анкара елиминирале голема група милитанти кои гранатирале позиции на турските вооружени сили во Идлиб.