Свет

Турција: Уапсени 33 лица поврзани со Исламска држава

Илустрација: Депосифотос / бело

Турската полиција уапси најмалку 33 странски државјани, осомничени дека се поврзани со т.н. Исламска држава.

Тие беа уапсени во Анкара во заедничка операција на антитерористичката полиција и националната агенција за разузнавање.

Во исто време, полицијата во раните утрински часови изврши рација во Батман во југоисточна Турција, при што уапси 22 осомничени лица, а рации се случија и во Адана и Кајсери, при што беа уапсени 15 лица, од кои шестмина се странски државјани.

Турските медиуми објавија дека  уапсените во Анкара биле со потекло од Ирак, Сирија и Мароко и дека трагаат по уште 17 лица.

Во Турција во 2015 и 2016 година,беа извршени серија напади  при што загинаа повеќе од 300 луѓе за кои  обвинети беа ИД и курдските екстремисти.

Related posts

Leave a Comment