Поради истекот на 6-месечниот законски дозволен рок за определен притвор во истрага, обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во четвртокот побарало укинување на мерката домашен притвор за екс градоначалникот Стевче Јакимовски и замена со поблаги мерки на претпазливост.
Судот го прифатил барањето на обвинителството и на Јакимовски му е укинат домшаниот притвор. Во обвинителството велат дека истрагата во која Јакимовски и уште неколку бизнисмени и вработени во општината Карпош се оосмничени за злоупотреба веќе е завршена и во тек е увид во доказите на одбраната.
Јакимовски е осомничен за три активности, незаконска продажба на државно земјиште кај ресторанот Имес во Карпош 4, набавка на жардињери и нелегална постапка за изградба на парк-плоштад кај студентскиот дом Гоце Делчев. По завршувањето на истрагата обвинителството треба да одлучи дали ќе покрене обвинение против лидерот на ГРОМ.