РУСКИОТ политички и воен експерт Франц Клинцевич реагираше на изјавата на Киев за гаранциите за поддршка на САД во можниот вооружен конфликт меѓу Украина и Русија.
Претходно, прес-службата на Министерството за одбрана на Украина издаде соопштение дека Вашингтон ветил дека ќе му даде поддршка на Киев во случај на влошување на ситуацијата во Донбас.
– Се разбира, никој нема да се бори за Украина – ниту САД, ниту НАТО, но обидите за организирање провокации на овој начин траат подолго време и ќе продолжат – рече Клинцевич во коментарот за ФАН. – Соединетите држави имаат долгорочен план: по секоја цена да предизвикаат вистински воен конфликт меѓу Украина и Руската Федерација. Целата оваа приказна за војната што наводно се води во Донбас меѓу Украина и Русија, а со која украинските медиуми го хранат својот народ, не поднесува критики. Сите веќе одамна добро го разбраа тоа. Затоа, на Киев му е се потешко да организира провокации.
Поради тоа, во Украина се создаде нова хистерија во врска со наводната концентрација на руски трупи на руско-украинската граница, истакна Клинцевич. Сепак, обидите на Киев, со организирање нова провокација, да се сокрие зад грбот на чичко Сем, се крајно опасни, забележа политичарот.
– Во случај на каква било провокација, Русија веднаш ќе реагира и овој одговор ќе биде многу силен – нагласи Франц Клинцевич.