Свет

Украина со дрон го нападна седиштето на руската Црноморска флота на Крим

Украина со дрон го нападна седиштето на руската Црноморска флота на Крим, велат Русите

Седиштето на Црноморската флота е нападнато од украинско беспилотно летало, пет лица се повредени, објави на својот Телеграм канал гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев.

„Украинските неонацисти решија рано утринава да ни го расипат Денот на морнарицата. Неидентификуван предмет влетал во дворот на Штабот на флотата, според прелиминарните податоци се работи за беспилотно летало. Пет лица се ранети, тие се членови на Штабот на флотата, таму немаше жртви. На сите им е укажана помош. Федералната служба за безбедност работи, околностите се истражуваат“, напиша Развозајев.

Тој додаде дека сите празнични настани во чест на Денот на морнарицата во градот се откажани поради безбедносни причини.

Related posts

Leave a Comment