Свет

Украинската армија пукаше во нуклеарната централа Запорожје, прекинати се далноводите

Украинската армија истрела артилерија на територијата на најголемата нуклеарна централа во Европа во Запорожје, за време на работна смена, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на градските власти на Енердогар, кој е под контрола на руските сили.

Според нив, на местото на гранатирањето избувнал пожар и истиот се гаси.

Прекинати се далноводите на струја, додаде РИА Новости.

Интерфакс наведува, повикувајќи се на изјавите на градската управа, дека пожарот избувнал во просториите на електраната и дека прекинот на струјата е неопходен за безбедно функционирање на реакторот, пренесува Ројтерс.

Related posts

Leave a Comment