Свет

Украинската армија регрутира луѓе постари од 60 години

Украинската армија ги повика цивилите, без разлика на возраста, да одговорат на повикот и да застанат во одбрана на својата земја, јавува Би-Би-Си.

Во изјавата на командантот на одбранбените трупи се наведува дека нема старосна граница за пријавување во војската. Иако првично се чинеше дека повикот се однесува и на малолетници, министерот за одбрана Алексеј Резников појасни:

„Олеснувањето на старосните ограничувања се однесува на лицата над 60 години. Во него не се спомнуваат малолетници. „Одлучив, во договор со командантот на трупите на вооружените сили на Украина, да вклучам во патриотските трупи луѓе со над 60 години, кои морално и физички се подготвени да се спротивстават и да го поразат непријателот“, напиша Резников на Твитер, пренесува БиБиСи.

Related posts

Leave a Comment