Свет

Украинските сили гранатираа колона бегалци, 30 лица загинаа

Околу триесет лица загинаа за време на украинското гранатирање на колона бегалци во областа Харков, изјави за Спутник Родион Мирошник, шеф на Претставништвото на Народната Република Луганск во Русија.

Според него, итните служби не можат да ги извадат телата на загинатите во бегалската колона поради континуираното украинско гранатирање.

Мирошник додаде дека во последните денови е зголемен протокот на бегалци од регионот Харков кон Русија.

„Откако започнаа активните борбени операции на територијата на регионот Харков, се зголеми бројот на луѓе кои или одат во Белгородската област во Русија, или преминуваат на нашата територија“, изјави Мирошник за телевизискиот канал „Русија 24“.

Related posts

Leave a Comment