Свет

Украински транспортен авион се урна во близина на Лвов, петмина загинати

Ан-12 Прес-службата на Државната служба за вонредни состојби на Украина

 

КИЕВ, 4 октомври.Бројот на загинати по несреќата на транспортниот авион „Антонов Ан-12“ на авиокомпанијата „Авионска алијанса“ на Украина кој се сруши во близина на Лавов денес,се искачи на пет, изјави украинскиот министер за инфраструктура, Владислав Криклиј.

„Пет лица загинаа“, напиша Криклиј на својата страница на Фејсбук, известувајќи за несреќата.

Авионот, кој патувал од шпанскиот град Виго до Лвов во западна Украина, се срушил во селото Соколники во регионот на Лвов, околу 1,5 км од пистата.

Во авионот имало седум членови на екипажот и едно лице кое го придружувало товарот.

Заменик-министерот за транспорт, Јури Лавренјук, изјави за телевизискиот канал 112 Украина дека се разгледуваат две причини за несреќата – или недостаток на гориво или грешка на пилотот, истакнувајќи дека во областа е пријавена густа магла.

Авионот Ан-12, произведен пред 51 години, бил користен во воената и транспортната авијација во периодот од 1968-1995 година, а потоа и од цивилните авиокомпании.

Related posts

Leave a Comment