Свет

Украинците се закануваат: „Ако тргнат, ќе има многу мртви Руси“

Militants violated the ceasefire 13 times, one Ukrainian soldier died - Day  in Donbas: One Ukrainian soldier killed, another one wounded -  112.international

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба изјави дека многу руски војници ќе загинат доколку Русија изврши инвазија на неговата земја.

„Тие (САД и нивните сојузници) можат економски да ја нападнат Русија. Ние би се бореле на теренот. Жал ми е што го кажувам ова, но ќе има многу убиени руски војници, се надевам дека претседателот Путин не сака тоа да се случи “, изјави Кулеба за Sky News за време на официјалната посета на Велика Британија.

Шефот на украинската дипломатија изјави дека работи со сојузниците како САД и Велика Британија на начини како да се одбие Кремљ, но стави до знаење дека украинската армија е подготвена да ја брани земјата.

„Ние, заедно со нашите партнери, треба да ја направиме ситуацијата таква што цената за Путин ќе биде неподнослива“, рече Кулеба.

Related posts

Leave a Comment