МОСКВА – Украинската армија денеска ја гранатираше хидроцентралата Каховска во Херсонската област, соопшти заменик-шефот на регионалната воено-цивилна администрација Кирил Стремусов.
„Имаше гранатирање. Генерално, нападот беше одбиен. Имаше удари, но тие не беа критични. Информациите сè уште доаѓаат“, изјави тој за РИА Новости.
Агенцијата наведува дека вооружените сили на Украина повеќепати ја гранатирале територијата на хидроцентралата во Нова Каховка.
Посебно силен удар беше зададен ноќта на 12 јули кога експлодираа магацини за шалери, а имаше и загинати и повредени.